
Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски е пред преселба во Грција. За него сериозен интерес покажува најтрофејниот грчки клуб Олимпијакос, кој момемтно е лидер на табелата во шампионатот. Ристовски и полскиот интернационалец Камил Гросицки се желбите на тренерот Педро Мартинс за засилувања на тимот во зимскиот преоден рок. Со нив Олимпијакос, како што тврди Мартинс, не би имал проблеми да стигне до нова шампионска титула во Грција.
Стефан Ристовски оваа зима дефинитивно мора да си замине од Спортинг Лисабон, со оглед дека веќе неколку месеци е префрлен да тренира со Б – тимот и воопшто не конкурира за најдобриот состав. Во пресрет на Европското првенство, на Стефан Ристовски му е потребен нов клуб каде ќе има стандардна позиција во тимот и полна минутажа. Тоа му го нуди Педро Мартинс, тренерот на Олимпијакос кој силно го посакува во тимот, знаејќи дека интерес за Ристовски има и ривалот АЕК. Македонскиот репрезентативец би дошол како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за комплетно откупување на договорот од Спортинг Лисабон кој има важност до 2022 година.
Камил Гросицки кој е член на Вест Бромвич Албион, е втората желба на тренерот на Олимпијакос за зимскиот преоден рок.
Стефан Ристовски има опции и за враќање во Италија. За него се заинтересирани и Фиорентина, Парма, Специја и Сасуоло и би можел да направи камбек на Апенините. Но, многу сериозна делува и можноста тој да го засили Олимпијакос.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Млади репрезентации
Четири гола на Медин Емини, Македонија У16 ја победи Црна Гора со 5-0

Евро-фудбал
Рико Луис останува на „Етихад“ до 2030 година

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
