
Баерн Минхен го декласира Бохум на „Алијанц арена“ со 7-0 и се врати на врвот на табелата во Бундес-лигата со 13 бода. Баварците немаа милост за противникот, а серијата ја отвори Чупо – Мотинг уште во четвртата минута. Во првиот дел стрелаа и Хари Кејн, Де Лихт и Сане.
Во вториот дел продолжи „теророт“ со головите на Хари Кејн од пенал, Матис Тел, и повторно Хари Кејн за хет-трик на Англичанецот.
Борусија Дортмунд со 1-0 го победи Волфсбург, а стрелец на победничкиот гол беше Марко Ројс во 68. минута.
Хофенхајм на гости го совлада Унион Берлин со 0-2, а Тимо Вернер донесе триумф за Лајпциг на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах.
Аугсбург го победи Мајнц со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар
