
Македонскиот прволигаш Шкупи го назначи босанскиот стратег Младен Жижовиќ за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе го наследи Чихат Арслан кој замина од клубот поради семејни причини.
Младен Жижовиќ (42) е босански тренер кој во кариерата ги водеше Зрињски и Слобода Тузла, а до неодамна беше на клупата на саудискиот второлигаш Ал Колод.
“Голема чест и обврска е да се биде на клупата на Шкупи. Добро сум запознат со историјата, педигрето и амбициите на клубот. Се нсдевам дека со добра работа ќе успееме да ги исполниме целите на клубот”, изјави Младен Жижовиќ за клупскиот сајт на Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal