Connect with us

Тричко го надмудри Богатинов, Мојсов поцрвене, играа и Спировски и Костовски (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски успеа да го совлада колегата од националниот тим Мартин Богатинов во дуелот на Кипар. АЕК Ларнака славеше со 3-1, Тричко беше стрелец на првиот гол за домашниот тим во 19.минута кога со удар од 15 метри ја затресе мрежата на Етникос Ахна. Богатинов уште двапати ја вадеше топката од мрежата, откако стрелаа Тауламесе и Нарањо, а за Етникос Ахна погоди Илиа. 

Даниел Мојсов заработи два жолти картони и беше исклучен во составот на АЕК Ларнака, а настапија уште двајца Македонци на оваа пресметка, Стефан Спировски во редовите на домаќинот и Јован Костовски кај гостите. 
   

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови