
Поранешниот македонски селектор Чедомир Јаневски оствари голем успех со Олимпијакос Никозија во првенството на Кипар. Со триумфот од 1-0 над АЕК Ларнака, тимот за првпат во историјата се пласираше во „шампионската група“ – разигрувањето за првак на државата по регуларниот тек од првенството, и тоа пред АПОЕЛ. Јаневски неодамна седна на клупата на Олимпијакос Никозија, но веднаш почна со успеси.
Во тимот на АЕК Ларнака на денешниот меч стартер беше Иван Тричковски, а во вториот дел играше и Стефан Спировски. Даниел Мојсов не беше во составот на гостите.
Стрелец на победничкиот гол за Олимпијакос Никозија беше Василиос Манцис цо 17.минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
