
Македонскиот вундеркинд Лука Станковски од јуни ќе биде нов член на италијанскиот клуб Монца. По препорака на Звонимир Бобан, кој е воодушевен од талентот на младиот фудбалер на Работнички и во италијанските медиуми истакна дека со одредени потези го потсетува на легендарниот Зинедин Зидан, Адријано Галијани со брза реакција го осигура неговиот потпис за Монца, иако во трката беше и Наполи.
Откако договор е веќе потпишан, Галијани во италијанските медиуми го „закачи“ Наполи, со порака дека им недостига брзина за да можат да ги следат неговите реакции на трансфер – пазарот.
„Брзината е важен елемент во фудбалот“, истакна Галијани.
Лука Станковски во есенскиот дел од сезоната постигна седум гола во дресот на Работнички и запиша две асистенции. Со добрите настапи во дресот на „романтичарите“ се препорача на европскиот пазар, а најбрза беше реакцијата на Адријано Галијани и Монца.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Нов удар за Ливерпул, се повреди Џереми Фримпонг

Евро-фудбал
Чаби Алонсо со пофалби за Џуд Белингам
