Connect with us

Лоша вест од Шпанија: Барди повторно се повреди

Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно ќе мора принудно да биде надвор од терените. Тој го повредил бутниот мускул и ќе мора да паузира. Леванте објави дека Барди почувствувал непријатност на последниот тренинг, а по деталните лекарски прегледи е утврдено дека се работи за истегнување на мускулот.

Барди сигурно ќе го пропушти следниот првенствен меч за Леванте против Атлетик Билбао в петок, а лекарскиот тим ќе се обиде да го оспособи за настап во Купот на Шпанија следната седмица.        

Енис Барди паузираше речиси три месеци поради дискус хернија, откако се повреди во пресрет на плејоф мечот меѓу Македонија и Грузија за пласман на Европското првенство. Оваа пауза секако ќе биде многу покуса. 

 

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови