
Елиф Елмас е еден од најголемите таленти на Балканот и во Европа и заслужува да биде стартер во тимот на Наполи. Но, Џенаро Гатузо има огромна конкуренција во составот и томму затоа Елмас понекогаш мора да остане на клупата за резерви.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски, за италијанскиот медиум „КалчоНаполи24“ истакна дека Елиф Елмас е неверојатен фудбалски талент и дека заслужува да има голема минутажа во тимот на „наполитанците“.
„Елмас има огромен квалитет и може без проблем да настапува на неколку позиции. Тој е поливалентен фудбалер, а јас го користев како офанзивен играч за врска, а во некои периоди од мечевите и како напаѓач. Елиф заслужува да биде стартер и да игра стандардно за Наполи. Но, јасно ми е и дека Џенаро Гатузо се соочува со голем фонд на фудбалери и конкуренцијата во Наполи е жестока“, изјави Ангеловски за италијанските медиуми.
Македонија во јуни за првпат ќе биде дел од Европско првенство, а Елиф Елмас ќе биде еден од најголемите адути на селекторот Игор Ангеловски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
