Беласица стигна до првата победа во новата сезона од Втората фудбалска лига откако на домашен терен го победи Тетекс со 2-0.
Петар Иванов во 80.минута ги проби гостите, додека потврда на триумфот дојде во судиското надополнување со голот на Даниел Радојчиќ.
Пелистер славеше кај Саса во Македонска Каменица со 0-3, со головите на Михаил Талевски и Благоја Љамчевски.
Беса го победи Новаци на гости со 1-4. Фитон Адеми постигна хет-трик, а погоди и Изаир Емини.
Аљбан Мемеди донесе триумф за Детонит Плачковица против Арсими (1-0).
Кожуф го победи Скопје со 4-2, со головите на Ангел Кочев, Александар Богданоски, Давид Ристовски и Ќире Митков. Стрелци за „пиратите“ беа Антонио Божиновски и Дино Најдоски.
Башкими на гости го победи Осогово со 2-3. Караорман триумфира против Вардар Неготино со 2-0, а Победа и Охрид одиграа без голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Брендан Роџерс го напушти Селтик













