
Брера ја оствари и четвртата победа во новата сезона од Првата фудбалска лига. Струмичкиот тим славеше на домашен терен против Тиквеш со 2-0. Стрелец на првиот гол беше Христијан Малески, новото засилување кое пристигна од Струга ТЛ, а триумфот го потврди Мартин Ѓорѓиевски во судиското продолжение.
Малески влезе како резерва во вториот дел и со удар со глава го совлада Столе Димовски во 72.минута од мечот. Претходно, младиот напаѓач ја погоди и гредата со шут од 15 метри.
Мартин Ѓорѓиевски во финишот успеа и вторпат да ја затресе мрежата на Тиквеш.
По четири кола, Брера има максимални 12 бода и се наоѓа на врвот на табелата во Првата фудбалска лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан
