
Интер е на прагот повторно да го ангажира поранешниот напаѓач Алексис Санчез, пишуваат медиумите во Италија. Според информациите, двете страни постигнале договор за едногодишен договор вреден 2,5 милиони евра, кој ќе биде потпишан доколку клубот најде нов тим за непотребниот Хоакин Кореа.
Се верува дека слободниот агент ги одбил понудите од Саудиска Арабија, Турција, Франција и од САД за да се врати кај „нероаѕурите“.
34-годишниот Алексис Санчез играше за Интер меѓу 2019 и 2022 година, одигра вкупно 109 настапи за тимот, со 20 гола и 23 асистенции.
Минатата сезона беше дел од Олимпик Марсеј и стана најдобар стрелец на францускиот тим со 18 гола на 44 натпревари во сите натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
