
Македонскиот прволигаш Воска Спорт по првиот триумф во елитата, (3-2) над Вардар, и официјално го бјави трансферот на Бехар Фета во Марибор.
„Бехар Фета и официјално ќе ја продолжи својата кариера во Словенија во 16-кратниот шампион Марибор, со кој договоривме тригодишен договор. Фета, по потпишувањето на договорот со добро познатиот словенечки тим, се врати во Охрид за да се збогува со остатокот од тимот на Воска спорт.
Тој се приклучи на нашиот тим во февруари 2021 година и иако беше млад, брзо стана еден од водечките фудбалери на тимот.
20-годишникот одигра 65 натпревари во дресот на Воска спорт и постигна 50 гола, од кои 29 само минатата сезона на 28 одиграни натпревари во Втората лига, кога беше прогласен за најдобар стрелец во сезоната 2022/23.
Вратите на Воска спорт за Фета секогаш ќе бидат отворени, се надеваме дека ќе дојде време повторно да се обединиме“, истакнаа од Воска Спорт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
„Бомба“ од Мадрид: Реал го купува Нико Вилијамс!
