
Интер веќе ги обезбеди услугите на играчот од средниот ред на Удинезе, Лазар Самарџиќ, но може да привлече уште еден играч од „фрулијаните“. Станува збор за напаѓачот Бето.
25-годишниот Португалец е резервна опција за Интер доколку клубот не успее да ги договори условите со Арсенал за Фоларин Балогун.
„Нероаѕурите“ бараат засилување во офанзивниот дел откако се разделија со Един Џеко и со Ромелу Лукаку.
Клубот до пред некој ден беше блиску до потпис на Џанлука Скамака, но тој ќе се пресели во Аталанта. Сега избор број еден е Балогун, но тој ќе пристигне на „Џузепе Меаца“ само доколку Арсенал се согласи да го продаде за помалку од 40 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?

Евро-фудбал
Наполи притиска за трансферот на Хојлунд
