
Раководството на Манчестер Сити ги известило Пари Сен Жермен и Барселона дека немаат желба да преговараат и да се разделат со Бернардо Силва под никакви околности. „Граѓаните“ дури планираат што поскоро да му дадат предлог за нов договор на играчот од средниот ред.
Веќе подолго време се шпекулира дека двата тима покажуваат сериозен интерес за Бернардо Силва, а уште минатото лето се појави информација дека и самиот фудбалер сакал дождливиот Манчестер да го промени со сончевата Барселона.
Сепак, Пеп Гвардиола успеа да го убеди играчот да остане на „Итихад“ уште една сезона, во која „граѓаните“ ја освоија и тројната круна. 28-годишниот поранешен играч на Монако има договор до летото 2025 година.
Манчестер Сити ја започнува својата сезона утре со натпреварот против Арсенал за „Комјунити Шилд“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Евро-фудбал
Марко Верати го промени клубот во Катар

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ

Евро-фудбал
Луис Дијаз се договорил со Баерн Минхен

Евро-фудбал
Марко Асенсио се враќа во Ла Лига?

Евро-фудбал
Шчешни останува во Барселона до 2027 година
