Connect with us

Родриго е на одмор со Мбапе – Дали набрзо ќе бидат соиграчи во Реал Мадрид?

Напаѓачот на Реал Мадрид, Родриго, го привлече вниманието со својата фотографија со Килијан Мбапе. Французинот е во конфликт со раководството на Пари Сен Жермен и не тренира со тимот, а се посериозно се зборува за негов трансфер на „Сантијаго Бернабеу“.


Родриго одмора на Сардинија во последните денови кои ги даде Карло Анчелоти пред собирот за стартот на сезоната во Ла Лига. А таму е и Килијан Мбапе.


Францускиот репрезентативец не беше вклучен во составот на ПСЖ за изминатата турнеја низ Азија и голема е веројатноста дека нема да се смета на него барем за стартот на сезоната. Тимот на Луис Енрике ја отвора својата сезона во Лига 1 за една недела против Лориен.


Реал Мадрид исто така стартува на 12 август, против Атлетик Билбао.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови