Расмус Хојлунд потпиша договор со англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. 20-годишниот Данец успешно ги помина задолжителните лекарски прегледи, по што потпиша договор со „црвените ѓаволи“, а многу брзо клубот и официјално ќе го објави неговиот трансфер од Аталанта. Тоа најверојатно ќе се случи пред саботниот пријателски натпревар со Ленс.
Хојлунд се обврза кон англискиот гигант во наредните пет години, со опција за продолжување на договорот за уште една сезона. Така тој може да остане на „Олд Трафорд“ до 2029 година.
Манчестер Јунајтед и Аталанта веќе постигнаа договор за цената на играчот, со тоа што „црвените ѓаволи“ ќе му платат загарантирани 75 милиони на клубот од Бергамо, со уште 10 милиони во вид на разни бонуси.
Ова ќе биде рекорден трансфер за Аталанта. Досега највисока сума добиена во касата на италијанскиот клуб беше од продажбата на Кристијан Ромеро во Тотенхем за 50 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Атлетико Мадрид има нови сопственици
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Млади репрезентации
Македонија до 19 години на елитни квалификации во Португалија
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













