Шкупи е елиминиран од Левски во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Поразот на Шкупи на домашен терен во Скопје (0-2) веројатно беше пресуден за елиминацијата, иако Левски на крајот победи и во Софија со 1-0, со голот на Марин Петков длабоко во судиското продолжение од мечот.

Во тензична атмосфера, со навредливи транспаренти и скандирања во текот на мечот, Левски ја задржа предноста што ја создаде на првиот натпревар во Скопје, па и триумфираше по вторпат.
Во финишот, Шкупи имаше шанси за победа преку Реналдо Цефас, но голманот на Левски, Пламен Андреев двапати одлично одбрани.
На спротивната страна, Марин Петков успеа да погоди за триумф во 101.минута од мечот, во долгото продолжение.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













