
Македонскиот клупски фудбал одамна е при дното во Европа, а не може да се споредува ниту со регионот. Немаме инфаструктура, речиси и да нема каде да се игра нормален прволигашки фудбал во главниот град, ако тревникот на арената „Тодор Проески“ не е во добра состојба како во моментов, кога го фатил „вирус“, а уште поскромна е состојбата во останатите градови низ Македонија.
Но, дали се виновни само клубовите, кои не можат да генерираат приход речиси од никаде. Нема премногу продадени билети за да се живее од тоа, уште помалку има спонзори кои се заинтересирани да се рекламираат и да вложат, а македонските клубови од ТВ права добиваат „ситниш“.
Или, во превод – не добиваат пари! За договорот за ТВ права со „Арена Спорт“ добиваат неверојатно минимални 12.000 евра по сезона. Односно, овие средства се компензираат со котизацијата што секој прволигаш треба да ја уплати во ФФМ за да учествува во елитата.
Ако споредиме со Србија, тогаш секогаш српски прволигаш само од ТВ права од ФСС добива по 420.000 евра, колку што е (читај!) комплетниот годишен буџет на најголем дел од македонските прволигашки клубови. А и во тие средства, околу 100.000 евра добиваат и од Агенцијата за млади и спорт на име на спортски ваучер.
Еве како е во Србија. Фудбалскиот сојуз на Србија објави официјални податоци за приходите на суперлигашките и прволигашките клубови на Србија, кои нема да зависат од постигнатите резултати.
Црвена звезда и Партизан ќе инкасираат најмногу од насловниот спонзор на лигата (Моцарт), ТВ и други права – по 970.000 евра само за учество во лигата.
Сите останати клубови кои ќе учествуваат во Суперлигата на Србија во претстојната сезона ќе добијат двојно помалку, но по овој основ ќе можат да сметаат на по 420.000 евра.
Клубовите од Првата лига (второлигашко натпреварување) на Србија ќе заработат по 80.875 евра.
Не е сеедно, нели?!

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж

Прва лига
Струга ТЛ се раздели со Стефан Спировски

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер
