Тренерот на Шкупи, Џихат Арслан, сметка дека сѐ уште постојат шанси за неговиот тим на реваншот против Левски во второто квалификациско коло за Конференциската лига. Натпреварот се игра утревечер, со почеток во 19 часот, а неговиот асистент изјави дека Шкупи не е во Софија на екскурзија.
„Не е лесно да се игра по првиот натпревар што го загубивме со 0-2 на домашен терен. Не дојдовме овде на екскурзија, ќе дадеме сѐ од себе да се претставиме добро. Сум видел многу во фудбалот, сум играл, овој резултат не е пријатен за нас, но ќе направиме сѐ да го надминеме. Дојдовме пред две недели и гледавме натпревар во живо, знаеме каква е атмосферата. Сме играле и во други земји. Ќе биде убаво да се игра пред оваа публика“, изјави Февзи Лајиќ, асистентот на Џихат Арслан.
На првиот меч имаше инциденти, а Шкупи ќе биде без поддршка од своите навивачи на реваншот.
„Разбираме дека се случија многу лоши работи, тоа не е добро. Не сакаме такви работи да се случуваат во фудбалот. Мислам дека ова е одлука која е правилна за да не се случуваат такви работи. Сакавме да бидат тука и нашите навивачи, но тоа не може да се случи“, изјави Лајиќ во врска со отсуството на навивачите на Шкупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
„Волците“ не му можат ништо на Челси (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Барса по 894 дена се врати на „Камп Ноу“ (ВИДЕО)













