Македонскиот првак Струга Трим Лум со втор триумф против Будуќност (3-4) во Подгорица обезбеди пласман во третото квалификациско коло од Конференциската лига каде ќе игра против Есперанж, клуб од Луксембург. Блескаше Марјан Радески кој постигна хет-трик, а погоди и Бесарт Ибраими.
Тимот на Шпетим Дуро одигра одличен натпревар. Будуќност поведе во седмата минута, кога Ѓуричковиќ ефективно ја затресе мрежата на Струга ТЛ по корнер.
Четири минути подоцна стружани одговорија на ист начин, а стрелец беше Марјан Радески.
Стружани направија пресврт во третата минута од судиското надополнување во првото полувреме, а повторно стрелец беше Радески.
Имаше големо продолжение во првиот дел, па во осмата минута од надополнувањето, Василије Аџиќ погоди од слободен удар од околу 25 метри и израмни на 2-2.
Во второто полувреме Струга ТЛ го декласираше Будуќност.
Бесарт Ибраими во 66.минута беше прецизен од далечина и донесе пресврт во корист на Будуќност, а во 74.минута Марјан Радески комплетираше хет-трик, по слаломот на Буњамин Шабани.
Петар Секуловиќ во 82.минута намали на 3-4, но на крајот сепак славеше Струга Трим Лум која патува во следното коло од Конференциската лига на УЕФА.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski