
Џанлуиџи Буфон (45) стави крај на својата играчка кариера. Трофејниот голман, кој во својата кариера настапуваше за Парма, Јувентус, ПСЖ и за италијанската репрезентација, наводно имал понуда вредна 15 милиони евра да замине во Саудиска Арабија, но ја одбил и на крајот и одлучил да ја заврши кариерата.
Минатата сезона Буфон бранеше на 19 натпревари за Парма во Серија Б. Прими 24 гола, а пет меча завршија без топка во неговата мрежа. Поранешниот светски првак и европски вицешампион со Италија во кариерата одигра 975 натпревари за клубовите и 176 за репрезентацијата.
Со Јувентус беше десеткратен шампион на Италија и трипати финалист во Лигата на шампионите.
Кариерата ја започна во Парма во 1995 година, а потоа се пресели во Јувентус. Тој остана во Јувентус во 2006 година кога клубот испадна во Серија Б, а во летото 2019 година замина во ПСЖ на две сезони. Потоа следеше сезона во Јувентус, пред да се врати во Парма во 2021 година, каде што ја заврши кариерата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија го врати и Мевљан Мурати
