Connect with us

Шкендија ја потврди промената: Харус Иса и соработниците заминуваат од клубот

Македонскиот прволигаш Шкендија кадровски се реструктуира во пресрет на почетокот на новата сезона во Првата фудбалска лига. Како што „Макфудбал“ веќе најави, од клубот заминуваат спортскиот директор Харун Иса, како и Скендер Јонузи и Ибрахим Османи.


„Едногодишниот договор со спортскиот директор Харун Иса и неговите колеги Јонузи и Османи е при крај и од клубот изразуваат благодарност за досегашната посветеност на Шкендија. На челниците на клубот им е жал за ваквиот епилог, бидејќи желбата и идејата беше Шкендија да се издигне на посакуваните нивоа со личности со богато фудбалско минато од Тетово. За жал, работите не тргнаа според планираното кон исполнување на целите.

Шкендија им се заблагодарува на Харун Иса, Скендер Јонузи и Ибрахим Османи за нивниот придонес, посакувајќи им сѐ најдобро во иднина“, објави Шкендија.

Многу брзо за нов спортски директор на Шкендија треба да биде назначен Агим Ибраими, а заедно со него во спортскиот дел ќе има место и за Ардијан Цуцули.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови