
Македонскиот прволигаш Шкендија не ја почна сезоната според посакувањата. На тетовскиот тим му се случи фијаско откако доживеа елиминација од велшкиот тим Хаверфордвест, на пенали, во Конференциската лига на УЕФА.
Пред една година беше поставена нова кадровска структура, на чело со претседателот Замир Дика, а за спортскиот дел беа задолжени Харус Иса, Ибрахим Османи и Скендер Јонузи.
Според информациите од Тетово, ова раководство е во заминување, а Шкендија повторно ќе се реконструтира во пресрет на стартот на новата сезона во Првата лига.
Засега е нејасно каква ќе биде иднината и на новиот тренер Ардијан Нухиу. Тој дојде со големи амбиции, но потклекна со тимот уште на првиот чекор, на настапот во Европа. Сега ќе има вистински тест во првенството во првите неколку кола, а Шкендија секогаш има амбиции да биде при врвот. Сѐ друго, не се признава.
Како нови можни раководни лица во Шкендија се споменуваат поранешните истакнати фудбалери, Агим Ибраими и Ардијан Цуцули.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Болоња го враќа Чиро Имобиле во Италија

Евро-фудбал
Милан го договори Самуеле Ричи

Евро-фудбал
Ливерпул тргнува по потписот на Александер Исак

Прва лига
И Шкупи „мрдна“, го доведе Емре Кадри

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље
