
Шкупи со негатива од два гола ќе патува на реваншот против Левски во Софија по една седмица откако вечерва во Скопје во дуелот од 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига загуби од Левски со 0-2. Бугарскиот состав речиси го обезбеди местото во следната рунда.

Гостите имаа позитива на полувремето со голот на Велтон Фелипе во 31. минута, а во судиското продолжение, Роналдо погоди за конечните 0-2.

За чаирчани сега останува реваншот за седум дена во Софија во обидот за евентуално изненадување на Левски и пласман во следната рунда натпревари од УЕФА Конференциската лига.
Шкупи најдобрата шанса ја имаше преку Реналдо Цефас, кој излезе сам и го лобуваше голманот, но еден дефанзивец расчисти на самата гол-линија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
