
Офанзивецот на Палермо, Илија Несторовски смета дека Македонија може само да жали што не успеа да триумфира на гостувањето против Словенија затоа што демонстрираше поголем квалитет на теренот од противникот.
„Мислам дека ги заслуживме трите бода и затоа може да жалиме. Од самиот почеток, без разлика на тој примен гол, бевме подобар тим на теренот. Создававме шанси но не реализиравме. Бодот секако не е неуспех, но ако се погледне како одигравме сигурно треба да жалиме по победата“ – изјави по мечот Несторовски.
Македонија има четири бода по стартните два натпревари во квалификациите…
„Треба дополнително да анализираме дали можевме повеќе или не. Но, факт е дека веќе делуваме како вистински квалитетна селекција која знае што сака во секој момент на теренот. Денеска покажавме дека сме поквалитетна репрезентација од Словенија, и навистина штета што не ги освоивме трите бода“ – вели македонскиот напаѓач.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal