Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва (20.45 часот) ќе ја пречека Полска, најголемиот фаворит во групата, во третиот меч од квалификациите за ЕП 2020. Со триумф над Полјаците, широко би си ги отвориле вратите за учество на континенталниот собир. Така вели капитенот Горан Пандев.
„Овој меч треба да ни го покаже патот во квалификациите. Ако ги победиме Полјаците, можеме да се квалификуваме на Европско првенство. Знаеме дека тоа нема да биде лесно. Полска е одлична селекција, но мислам дека оваа наша генерација е зрела за успех. Ако одиграме како што знаеме, можеме да ги изненадиме Полјаците. Се надеам, и на поддршка од публиката“, изјави Горан Пандев.
Селекторот Игор Ангеловски преферира офанзивен стил и нема да отстапи ниту на денешната пресметка со фаворитот. Несторовски ќе биде најблиску до голот на противникот, а капитенот Горан Пандев како поддршка од позадина. На крилните позиции треба да бидат Хасани и Елмас, во маневарот Барди и Адеми.
Централната одбранбена линија пред Столе Димитриевски ќе ја сочинуваат Велковски и Муслиу, заедно со Ристовски и Алиоски по страничните позиции.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski