Селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, не можеше да го сокрие разочарувањето откако нашиот национален тим го загуби вечерашниот дуел против селекцијата на Полска. Тој беше задоволен од залагањето на своите избраници, но не и од реализаторските способности, кои мораа да бидат на повисоко ниво откако веќе беше примен наивен погодок.
„Поразот секако боли, секогаш е така кога ќе се загуби со еден шут кон нашиот гол. Мое мислење е дека оваа игра требаше да биде наградена со барем еден освоен бод. Фудбалерите покажаа карактер, одиграа максимално борбено и заслужено беа наградени со аплауз по завршувањето на средбата. Примивме гол по лошо исфрлена тока и слаба реализација, имавме три шанси, но не ги искористивме. Две од нив во првиот дел, кога Несторовски мораше побрзо да реагира и да реализира, потоа ударот со глава по корнер, и при крајот кога Алиоски можеше да погоди по одличната одбрана на Фабијански“, изјави селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Евро-фудбал
Сасуоло го изненади Милан на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













