
Манчестер Сити ги договори личните услови со Јошко Гвардиол. Менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, има многу високо мислење за хрватскиот репрезентативец, а сега се водат преговори меѓу Лајпциг и европскиот шампион Манчестер Сити за висината на отштетата.
Германците се надеваат дека ќе го задржат Гвардиол и не сакаат да го продадат за помалку од 100 милиони евра. Лајпциг сака Гвардиол да биде најскапиот стопер досега во историјата.
Моментален рекордер е Хари Мегваер, кого Манчестер Јунајтед во 2019 година го плати 87 милиони евра.
Гвардиол пред две години од Динамо се пресели во Лајпциг со отштета од 18,8 милиони евра.
Според договорот со Лајпциг, Динамо добива 20 отсто од заработката на Лајпциг кога Гвардиола ќе направи трансфер во трет клуб.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл го купи Еланга за 60 милиони евра

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест

Интернационалци
И Агон Елези ќе го засили Сараево?
