Бразилскиот фудбалер Родриго е главна трансфер цел на Арсенал во овој преоден рок. Сепак, лондонскиот клуб ќе мора да усогласи многу елементи на пазарот за да ја исполни најголемата желба на менаџерот Микел Артета, со оглед дека Реал Мадрид постави цена од дури 100 милиони евра.
Уште со недели наназад е јасно дека Родриго е незадоволен во редовите на „кралевите“, а и неговиот статус не се промени многу ниту по доаѓањето на новиот тренер Чаби Алонсо, што го покажа и настапот на Светското клупско првенство.
Сепак, имајќи предвид дека Арсенал минатото лето плати повеќе од 100 милиони евра за Деклан Рајс, јасно е дека „топчиите“ ќе мора сериозно да се потрудат да обезбедат средства за Родриго. Најреално е тоа да го сторат преку продажба на неколку свои играчи.
Англиските медиуми веќе ја анализираа темата и издвојуваат тројца играчи кои би можеле да „пополнат“ буџетот за трансферот на Родриго, Габриел Мартинели, Леандро Тросар и Олександр Зинченко.
Мартинели е највреден од нив и потенцијално најисплатлив за продажба. Бразилецот, кој пристигна во Арсенал на крајот од минатата деценија, не успеа да го повтори голгетерскиот ефект од сезоната 2022/23, кога постигна 15 голови во Премиер – лигата. Иако се чини дека ги одигра најдобрите денови на „Емирати“, тој има само 25 години и сè уште има што да понуди во европскиот фудбал.
Арсенал би барал околу 50 милиони фунти за Мартинели, што значи дека тој би можел да покрие речиси половина од сумата за Родриго.
Помал, но сепак значителен приход клубот може да оствари од продажбата на Леандро Тросар, за кого интерес покажуваат Фенербахче и неколку клубови од Саудиска Арабија.
На крајот, и Олександр Зинченко може да донесе пари во клупската каса. Украинецот не го оправда очекувањата по доаѓањето од Манчестер Сити, а според шпекулациите, веќе е во преговори со Милан. Се верува дека може да се пресели на „Сан Сиро“ како потенцијална замена за Тео Хернандез, кој ќе ја продолжи кариерата во Ал-Хилал.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона
Евро-фудбал
Јувентус тргна по потписот на Франк Кеси
Евро-фудбал
ПСЖ го претстави Лукас Дињ како нова аквизиција













