Connect with us

Баерн Минхен го претстави Рафаел Гереиро

Германскиот првак Баерн Минхен го претстави португалскиот интернационалец Рафаел Гереиро како ново засилување. Тој доаѓа од Борусија Дортмунд, но како слободен агент, а со Баварците потпиша до јуни 2026 година.


„Кога добив повик од Баерн Минхен, одлуката беше лесна. Чест е да се игра за овој голем клуб, исто така имам високо мислење за Томас Тухел. Јас сум играч кој постојано ја бара топката, идејата е да се контролира играта и сакам да креирам шанси. Ќе го дадам максимумот за да освоиме што е можно повеќе титули. Тоа е филозофијата на Баерн“, изјави Гереиро за официјалниот сајт на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови