
Голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума, размислува за заминување од клубот. Според информациите, тој не е задоволен од постојаната промена на тренери и директори во клубот, а исто така не е во многу добри односи со навивачите, кои не застанаа на негова страна од самиот почеток, откако го замени нивниот омилен Кејлор Навас.
24-годишниот репрезентативец на Италија има договор со ПСЖ до 2026 година, но не би било изненадување доколку побара трансфер до крајот на летото.
Тој пристигна на „Паркот на принцовите“ како слободен играч од Милан во 2021 година, а досега има одиграно 72 натпревари за клубот.
Доколку Донарума навистина биде пуштен на пазарот, нема да недостасуваат клубови со интерес за неговиот потпис. Прв во редот се очекува да биде Јувентус, кој веќе подолго време размислува да го замени Војчех Шчешни.
Не би било изненадување доколку и Манчестер Јунајтед тргне во офанзива за негов ангажман.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ламин Јамал се врати на тренинзите на Барселона

Евро-фудбал
Тунис на доминантен начин стигна до СП 2026

Евро-фудбал
Нов проблем за Барса, се повреди и Феран Торес

Млади репрезентации
Данев: Сакаме да влеземе во серија, да ја победиме и Црна Гора на гости
