
Арсенал испрати официјална понуда до Ајакс за дефанзивецот Јуриен Тимбер. Понудата е вредна 30 милиони фунти, но сигурно нема да биде прифатена како таква бидејќи холандскиот клуб за него бара околу 50 милиони фунти.
Лондончани, сепак, веруваат дека можат да се договорат со Ајакс за пониска цена. Личните услови за 22-годишниот репрезентативец на Холандија се веќе договорени.
Тимбер беше трансферна цел на Манчестер Јунајтед веќе минатото лето. Ајакс потоа одби да го пушти дефанзивецот од „Олд Трафорд“. Ерик тен Хаг донесе други играчи од својот поранешен тим во Лисандро Мартинез и Антони.
Се очекуваше летово менаџерот на „црвените ѓаволи“ да направи уште еден обид да го земе Тимбер. Трансферите во Манчестер Јунајтед сепак доцнат поради долготрајниот процес на промена на сопственоста во клубот.
Минатиот август Тимбер го продолжи договорот до 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
