Connect with us

Мбапе со нов рекорд, Франција со минимален триумф (ВИДЕО)

Килијан Мбапе урива рекорди, а Франција успеа да ја победи Грција со 1-0, токму со неговиот гол од повторен пенал во 55.минута од мечот. Дуелот имаше дури 14 минути судиско продолжение.

Грците од 70.минута играа со фудбалер помалку поради исклучувањето на Константинос Мавропанос.

Мбапе со овој гол го надмина легендарниот Жист Фонтен и стана најдобар стрелец во историјата на селекцијата на Франција.

Интересен беше мечот меѓу Швајцарија и Романија кој заврши 2-2, а Турција го совлада Велс со 2-0, со головите на Најир и на Гулер.

Израел беше подобар од Гибралтар со 0-2, а Казахстан на гости ја победи Северна Ирска со 0-1. Стрелец на голот беше Абат Аимбетов во 88.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови