
Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, сака неговиот тим да се подобри следната сезона. „Топчиите“ ја завршија сезоната на второто место, победувајќи го Вулверхемптон со убедливи 5-0 во последното коло.
Арсенал беше на врвот во Премиер – лигата 248 дена пред да ја прекине серијата во која постигна само две победи на осум натпревари.
Сепак, тимот успеа да се квалификува за Лигата на шампионите за првпат од 2017 година и Артета е задоволен што тимот ја оствари една од нивните главни цели.
„Сакавме да го вратиме тимот во Лигата на шампионите, тоа беше нашата главна цел“, изјави Шпанецот. „Првенството започна и по секој натпревар се чувствувавме како да се движиме во вистинската насока и енергијата и духот беа навистина добри. Имавме и верба“, додаде Артета.
„Не очекувавме да завршиме таму каде што сме. Мислам дека ова е третото најдобро достигнување по победи во историјата на клубот“, се пофали стратегот на Арсенал.
„Направивме многу, сè уште не доволно за да освоиме титула, но мислам дека е јасно какво е нивото на Премиер-лигата. Ако сакаме да се бориме за титулата, мора да бидеме многу подобри следната сезона“, смета Артета.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер во нов обид да го доведе Марко Асенсио

Евро-фудбал
Баерн Минхен би сакал да го купи Родриго

Евро-фудбал
Баерн Минхен го обнови интересот за Нкунку

Интернационалци
Фета Фетаи потпиша за Ал-Шарјах од ОАЕ
