
Зинедин Зидан ја одби баснословната понуда од Ал-Наср да стане тренер на овој тим и повторно да соработува со Кристијано Роналдо. Раководството на Ал-Наср му понуди фантастични 150 милиони евра, но француската фудбалска легенда сепак има други планови.
Тој во два наврати на клупата на Реал Мадрид освои две титули во ла Лига, а трипати го освои и трофејот во Лигата на шампионите.
Зидан е без клуб од 2021 година, а се поврзуваше со Реал Мадрид, ПСЖ и со Јувентус. Тој најави дека сака да се врати на тренерската професија откако му пропадна првата цел, да стане нов селектор на Франција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
