
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг, повтори дека цел број еден на неговиот тим е победа на дуелот со Челзи, која ќе им гарантира пласман во Лигата на шампионите следната година.
Холандскиот стручњак зборуваше и за тоа дека „црвените ѓаволи“ се уште се проект во развој, но сакаат да продолжат да освојуваат трофеи, откако веќе го освоија Лига купот, а за нешто повеќе од една недела ќе го играат финалето на ФА Купот против градскиот ривал Манчестер Сити.
„Сакаме да се натпреваруваме со најдобрите, а за тоа мораме да бидеме во Лигата на шампионите. Мораме да се рангираме меѓу четирите најдобри екипи во Премиер – лигата, што не е воопшто лесно бидејќи многу екипи се борат за овие позиции, но ние сме една од нив. Нашата прва работа е да победиме на вечерашниот натпревар со Челси, а потоа ќе направиме биланс. Сакаме да освојуваме трофеи, освоивме еден, сакаме да освоиме повеќе. Ние сме проект кој сè уште се развива и веруваме дека одиме во вистинската насока, но секогаш можеме подобро, бидејќи едноставно – доброто не е доволно“, изјави Тен Хаг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Дојде потврда од УЕФА: Македонија У21 ќе ја пречека Италија во Битола

Прва лига
Работнички и Бојан Маркоски се разделија
