
Судот на Италијанскиот фудбалски сојуз ќе му одземе 10 бода на Јувентус кога ќе заврши сезоната во Серија A. „Старата дама“ официјално беше обвинета за финансиски малверзации на претходното раководство и изречените санкции ќе бидат конечни бидејќи на торинскиот клуб првично му беа одземени 15 бода, а потоа вратени, со што се вратија во горниот дел од табелата и во зоната на Лигата на шампионите.
Сега ваквата позиција не му гарантира на Јувентус елитно натпреварување за следната сезона, имајќи предвид дека во моментов е под Рома на осмото место со 59 бодови, но вечерва го игра својот меч со Емполи и може да ги прескокне римјаните, но и Аталанта.
Во секој случај, Јувентус има шанси да се најде во Лигата на шампионите и покрај негативата од 10 поени, но ќе треба да победи на преостанатите натпревари во Серија А и да се надева дека ќе се поклопат другите резултати.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
