
Тренерот на Барселона, Чави Хернандез, го коментираше можното враќање на Лионел Меси на „Камп Ноу“. Тој сподели дека тоа зависи од многу работи.
„Враќањето на Лионел Меси виси во воздух. Тоа зависи од многу работи…“, изјави Чави.
„Меси е спектакуларен фудбалер и тој е личност со која сум пријател. Ќе видиме дали тоа ќе се случи. Тоа зависи и од намерата и желбата на Лео“, истакна тој.
Тренерот на Барселона ги коментираше и гласините за интерес за играчот од средниот ред на Баерн Минхен, Џошуа Кимих.
„Се работи за многу добар играч, еден од најдобрите на својата позиција. Нема да кажам повеќе од тоа. Привлекувањето на нов десен бек не е приоритет. Бускетс заминува и ние треба да најдеме замена“, дополни Чави.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца
