Англискиот премиерлигаш Челси сака на лето да го доведе играчот на Јувентус, Душан Влаховиќ, и подготвил понуда од 80 милиони евра за српскиот репрезентативец.
Влаховиќ минатиот јануари се пресели од Фиорентина во Јувентус за 81,6 милиони евра и има уште три години од договорот. Тој постигна 23 гола на 62 натпревари во сите натпреварувања, но не игра редовно кај тренерот Масимилијано Алегри.
Како што пренесува „ЕСПН“, Влаховиќ не е задоволен во Торино, што Челси сака да го искористи и да го доведе на „Стемфорд Бриџ“, а Јувентус би размислил за трансфер на српскиот фудбалер.
Кога тренерот Маурисио Покетино преговарал за условите со раководството на Челси, наводно му било кажано дека клубот ќе донесе класична „деветка“ на лето, па се верува дека мислеле на Влаховиќ.
За Влаховиќ заинтересирани се и Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Фудбалерите до 19 години поразени од Португалија
Прва лига
Шкендија со пресврт го победи Шкупи













