Срамни сцени во првенството на Словенија. Радомље синоќа го победи Домжале со 1-0 во 36. коло на словенечката Прва лига, но натпреварот го одбележа инцидент. Тренерот на домашната екипа Оливер Богатинов му удри шлаканица на спортскиот директор на Домжалe, Сенијад Ибричиќ, кој своевремено беше и фудбалер на Вардар.
Откако Филип Чуиќ во 88. минута го постигна единствениот гол на натпреварот имаше мешаница меѓу двете клупи, конфликт меѓу двете клупи, а Богатинов ги загуби нервите во расправија со Ибричиќ и му удри шлаканица.
Уште поинтересно е дека Ибричиќ не возврати, дури и не трепна откако беше нападнат.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal













