Connect with us

Струга ТЛ го пречекува Шкупи на примопредавање на круната

Последен танц оваа сезона во Првата лига. Сите аплаузи ги собраа фудбалерите на Струга Трим Лум кои предвреме минаа први низ целта, па денешното дерби против Шкупи ќе биде само церемонија на примопредавање на шампионската круна. Стружани денеска пред своите гледачи и официјално ќе го добијат шампионскиот трофеј.


Сѐ е веќе познато, па последното коло ќе биде ревијално. Работнички ја пречекува Шкендија на „Борис Трајковски“ во Маџари, а ФК Скопје на „Автокоманда“ ќе игра против Брегалница.

Академија Пандев обезбеди опстанок и сега мирно ќе ги одмери силите со Силекс, а Победа ќе се раздели од елитата со дуелот против Тиквеш.

ДВОЈКИ, ПРВА ЛИГА 33.КОЛО (денеска 17 часот)


СТРУГА ТЛ – ШКУПИ

РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

ПОБЕДА – ТИКВЕШ

СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови