Најтрофејниот македонски клуб Вардар остана без спортски директор, откако клубот и Игор Ивановски спогодбено ја прекинаа соработката по 14 месеци.
„После четиринаесет месеци повеќе од успешна соработка, ФК Вардар АД и спортскиот директор на клубот Игор Ивановски, спогодбено се разделија. Клубот му благодари на сработеното и му посакува успешна следна епизода во животот“, објави ФК Вардар на официјалниот сајт.
Од Вардар најавија дека во наредниот период ќе биде именуван нов спортски директор, кој ќе ја преземе клучната улога во понатамошната организација и амбициите на „црвено-црните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal













