Најтрофејниот македонски клуб Вардар до крајот на летниот преоден рок ќе се засили со двајца репрезентативци на Уганда. Првиот е 27-годишниот напаѓач Фахад Бајо, кој има 22 настапи и 8 голови за својата селекција. Тој ќе го предводи нападот на „црвено-црните“ и ќе се приклучи на својот сонародник Роџерс Мато, еден од најдобрите играчи на тимот.
Бајо минатата сезона настапуваше во Европа за чешкиот Вишков, а потоа играше во Етиопија за Волвало. Сега повторно се враќа на Стариот континент, овојпат во дресот на Вардар.
Второто засилување е 23-годишниот централен дефанзивец Муса Раматан, кој исто така минатата сезона беше дел од Вишков, а последно играше за Волвало. Раматан има и еден официјален настап за националниот тим на Уганда.
Со овие два трансфери, Вардар добива свежина и интернационално искуство пред продолжението на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Вардар ремизираа, а Шкендија го победи Пелистер и се доближи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Шкендија заврши со европските обврски и сега целосно е посветена на македонскиот шампионат, а...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Артета: Ова е огромна победа за Арсенал













