Емануел Аворнио (24) ја смени фудбалската адреса, поранешниот напаѓач на Шкупи е ново оружје во нападот на Башкими. Кумановци добиваат силно засилување во вистински момент, откако сезоната ја отворија одлично со две победи и едно реми.
Тренерот Муарем Муарем добива уште една офанзивна опција, а со тоа и поголем избор во нападот. Очекувањата се Аворнио да внесе свежина и искуство во тимот што веќе ја покажа својата моќ на стартот од шампионатот.
Ганскиот интернационалец вчера беше на стадионот во Куманово и веднаш ја почувствува енергијата од трибините, гледајќи како неговиот нов тим слави со 3-1 против Тиквеш. За него тоа беше идеален момент да се запознае со амбиентот во кој ќе настапува – страстна публика и силна домашна атмосфера.
Со Аворнио во редовите, Башкими добива уште посериозен изглед и јасна порака дека целите за оваа сезона се високи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар со триумфот над Струга ТЛ и дефинитивно мина прв низ целта и ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Стефан Цветковиќ (Вардар)
Вардар е шампион, а голот вреден титула за триумфот во Струга го постигна Стефан...
Автор makfudbal













