
Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 60 милиони фунти за да го ангажира одбранбениот играч на Наполи, Ким Мин-Јае, кој се очекува да биде замена за Хари Мегваер. 30-годишниот англиски репрезентативец стана петти избор за централен дефанзивец на менаџерот Ерик тен Хег и поголемиот дел од сезоната го помина на клупата.
Иако холандскиот стручњак јавно го поддржа Мегваер, клубот од „Олд Трафорд“ е подготвен да го продаде на лето и да си врати дел од 80-те милиони фунти што ги платија на Лестер за негo во 2019 година.
Според италијанскиот весник „Кориере дело Спорт“, Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 60 милиони евра, колку што е откупната клаузула во неговиот договор, за да го потпише Јужнокорејецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ливерпул без Алексис Мекалистер против Њукасл
