Connect with us

Давид Силва потпиша нов договор со Реал Сосиедад

Поранешниот шпански репрезентативец Давид Силва потпиша нов договор со Реал Сосиедад. Договорот ќе го задржи играчот од средниот ред во баскискиот клуб до крајот на сезоната 2023/24.


Реал Сосиедад ја објави веста за новиот договор на 37-годишниот фудбалер со оригинален колаж во стилот на видео играта „Hogwarts Legacy“.


Давид Силва игра за Реал Сосиедад од 2020 година. Претходно се прослави во Валенсија, а во периодот 2010 – 2020 година стана легенда на Манчестер Сити и со „граѓаните“ освои вкупно 14 трофеи.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови