
Пресметката меѓу Севилја и Манчестер Јунајтед е во фокусот на вниманието во пресрет на вечерашните реванш натпревар од четвртфиналето во Лига Европа. Првиот дуел на „Олд Трафорд“ заврши 2-2. „Црвените ѓаволи“ имаа предност од два гола, но во финишот немаа среќа и си постигнаа два автогола.
Покрај факторот домашен терен, традицијата е на страната на Шпанците. Севилја нема пораз од Манчестер Јунајтед, покрај двете победи и две ремија.. Тие се исто така непоразени под водство на новиот тренер, Хозе Луис Мендилибар.
Интересен е и дуелот меѓу Спортинг Лисабон и Јувентус. Италијанците тесно победија со 1-0 на домашен терен во Торино, но „лавовите“ од Лисабон сигурно ќе дадат сѐ од себе за да предизвикаат нова сензација откако во претходното коло го исфрлија Арсенал.
Рома изненадувачки загуби со 1-0 на гости кај Феенорд, но тешко дека ќе дозволи изненадување на свој терен.
Белгиската сензација Ројал Унион ремизираше 1-1 на гостувањето кај Баер Леверкузен, но сепак Германците се фаворити за пласман во следната рунда.
„Аспирините“ се во серија од 11 натпревари без пораз. За белгискиот тим ова е првпат да стигнат до ваква фаза на европските натпреварувања од 1960 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс
