
На мнозинството играчи на Челси ќе им бидат намалени платите доколку не успеат да се квалификуваат во Лигата на шампионите. Според медиумите на Островот, месечните плати на 19 играчи ќе бидат намалени за 30 отсто. Мерката ќе ги погоди фудбалерите кои дојдоа во клубот по продажбата од Роман Абрамович, како и оние кои ги продолжија договорите со новите сопственици.
Причината е што сите договори со конзорциумот предводен од Тод Боели се зависни од учество во Лигата на шампионите. Челзи е на 11. место во Премиерлигата со 39 бода и се уште има теоретски шанси да се пробие во топ 4, но никој не верува дека таа цел е остварлива. Само играчите кои сè уште играат под договори од ерата на Абрамович ќе продолжат да добиваат целосни плати.
Челси потпиша 12 нови играчи откако Боели го презеде клубот, вклучувајќи ги Михаил Мудрик, Енцо Фернандез и Калиду Кулибали. Седум фудбалери ги продолжија договорите со лондончани.
Истовремено, има и клупска одлука дека секој фудбалер што нема да биде задоволен би можел да го напушти „Стемфорд бриџ“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
