Тренерот на Интер, Симоне Инзаги, призна дека одамна му бил сон неговиот тим да се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите.
„Нероаѕурите“ резервираа место меѓу најдобрите четири екипи во натпреварувањето откако ја исфрлија Бенфика во четвртфиналето откако одиграа 3-3 во реваншот во Милано, со вкупни 5-3, а претходно минаа низ „групата на смртта“ со Баерн Минхен и со Барселона.
Во полуфиналето на ЛШ, Интер ќе се сретне со градскиот ривал Милан за првпат од сезоната 2002/03.
„Среќата е голема. Одигравме одличен натпревар против тежок противник. Целосно го заслуживме ова полуфинале, кое претходно беше само сон. Среќен сум за момците и за нашиот напредок. Почнавме во многу тешка група со Барселона и со Баерн Минхен, Работевме напорно секој ден за да ја доживееме оваа ноќ“, изјави Инзаги по натпреварот.
Интер стигнува до полуфиналето на Лигата на шампионите за првпат откако го освои трофејот во сезоната 2009/10 и тоа треба да го намали притисокот над Симоне Инзаги, кој беше критикуван за формата на тимот. Интер во Серија А не успеа да победи на последните пет натпревари во Серија А, а загуби четири од нив.
„Критиките не се проблем. Знам од каде доаѓаат. Некои велат дека тоа е добро, некои дека е лошо. Долго сум во фудбалот и навикнат сум на тоа“, изјави Инзаги.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Зидан ја презема Франција по СП 2026
Евро-фудбал
Артета во проблем, Габриел ќе паузира два месеци
Евро-фудбал
Ливерпул и Египет во „клинч“ за Мохамед Салах
Евро-фудбал
Рафиња се врати на тренинзите на Барселона













