
Воска го пречекува Вардар во дербито на следното коло во Втората лига, а домаќинот најави дека нема да дозволи присуство на гостински навивачи од безбедносни причини. Сепак, Комити од друга страна најавуваат дека нема да ја почитуваат забраната и ќе прават инвазија на Охрид в сабота.
„ЗАБРАНАТА Е ОДБИЕНА! Аматерските, необјективни и тенденциозни одлуки, со цел забрана за гостински навивачи, ги одбиваме во целост!
Постои само една одлука, која стапува на сила веднаш, а тоа е: ИНВАЗИЈА НА ОХРИД!
Натпреварот против Воска е финалето на целата сезона, на целата наша борба. Ние сме Вардаровото најсилно оружје, затоа, мобилизација!
Да не дозволиме поигрување со групата – да бидеме со Вардар кога е најпотребно. Нема никој да ни забрани!“, објавија Комити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Меси донесе финале за Интер Мајами (ВИДЕО)
